
Наполи ја победи Брага со 1-2 во првиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите, но грузискиот интернационалец Квича Кварацкелија не покажува ниту дел од магијата со која воодушевуваше минатата сезона. Италијанските медиуми се прашуваат каде се загуби „вистинскиот Кварадона“?
Грузиецот во Португалија беше заменет од Елиф Елмас во 66.минута, а новинарите веднаш го прашаа тренерот Руди Гарсија дали е задоволен од неговото издание. Тој смета дека Кварацкелија може и мора многу подобро.
„Треба повторно да најде ритам. Важна беше офанзивната фаза во која учествуваше, но тука е и дефанзивниот дел. И не мора да биде нервозен затоа што не постигнува гол. Мора да се концентрира да игра добро и да размислува да биде одлучувачки не само со голови, туку и со асистенции“, изјави Руди Гарсија.
Наполи во следното коло од Серија А и гостува на Болоња.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal