Фудбалерите на Атлетико Мадрид, актуелните бранители на титулата во Ла Лига, сезоната ја играат под секое ниво и се далеку од можноста да се вклучат сериозно во трка за пехарот. Од доаѓањето на Диего Симеоне, цела деценија, Атлетико ги бележи најлошите резултати во домашното првенство, а играта веќе не е онаапрепознатлива за Атлетико Мадрид.
Чоло никогаш не играл фудбал убав за око, но се знаело дека неговиот тим ќе гори од желба за бодови. Сепак, сезонава тоа не е така, ниту резултатски, ниту пак постои воинствен менталитет кој Симеоне го вметна во ДНК на овој клуб откако дојде во Мадрид.
Шпанските медиуми тврдат дека хармонијата во соблекувалната е нарушена. Суарез го нема веќе истиот статус како минатата сезона, кога блескаше и беше еден од клучните луѓе за титулата на „Ванда Метрополитано“.
Причина за такво нешто е доаѓањето на Родриго Де Пол и на Антоан Гризман, кои се прескапо платени, но не го даваат потребниот ефект на теренот.
Де Пол пристигна како голема ѕвезда иако играше за Удинезе. Очекувањата од него се огромни, платен е 35 милиони и дојде да биде стартер. Со Суарез се зближи поради меѓусебното пријателство со Лео Меси и се разделија од остатокот од тимот што создаде одредени тензии. Така, се повеќе се шпекулира за заминување на Уругваецот на крајот од сезоната.
Гризман успеа подобро да се адаптира благодарение на тоа што дојде во позната средина. Се зборува и за „кланови“ внатре во соблекувалната. Има „бразилска“ и „балканска“ група кои се јасно видливи.
Многу играчи се незадоволни од улогите во тимот на Диего Симеоне, кој по се изгледа овојпат нема волшебно стапче за да ја подобри ситуацијата. Одбраната на трофејот е невозможна, тимот е пред борба за Лигата на шампионите, а за такво нешто сепак има квалитет.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













