Connect with us

Јужноамериканска коалиција за СП 2030: Да се одбележи стогодишнина од Монтевидео

Четири јужноамерикански земји, Аргентина, Уругвај, Парагвај и Чиле, се договорија да аплицираат за организација на Светското првенство во 2030 година. На овој начин би била одбележана и 100-годишнината од првото Светско првенство кое се одигра во Монтевидео во 1930 година кога Уругвај ја освои титулата.


Првичниот план е да се отвори шампионатот во Буенос Аирес, а финалето да се игра на легендарниот „Сентенарио“ во Монтевидео.

Следното Светско првенство ќе се игра во 2026 година, а домаќини ќе бидат САД, Канада и Мексико.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови