
Италијанскиот калчолигаш Јувентус повторно ќе се обиде да го доведе Доменико Берарди, фудбалерот на Сасуоло и италијански репрезентативец кој со „аѕурите“ го освои Европското првенство пред две години.
Првиот, неуспешен обид се случи на почетокот на актуелната сезона, а во текот на зимата Јувентус ќе се обиде да ја повтори зделката со Сасуоло како што го доведе Мануел Локатели, актуелниот играч за врска на „старата дама“.
Јувентус прво ќе се обиде да го доведе Берарди на позајмица, со обврска да го откупи договорот. На тој начин веднаш би имале играч на располагање, а трошоците за трансфер би биле распоредени на неколку години.
Сасуоло за Берарди бара околу 30 милиони евра, а напаѓачот има валиден договор до јуни 2027 година.
За италијанската репрезентација Берарди одигра 27 натпревари и постигна осум гола, а оваа сезона крилниот напаѓач веќе постигна гола за својот клуб во Серија А.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Матеј Гаштаров дебитираше за сениорскиот тим на Црвена Звезда

Интернационалци
Серафимов потпиша за Левски
