Connect with us

Јувентус во јануари го носи Пулишиќ

Јувентус се подготвува за зимскиот преоден рок. На тимот на Масимилијано Алегри итно му требаат засилувања, „бјанконерите“ имаа лош старт оваа сезона, дури ни самиот Алегри не е сигурен во својата позиција како прв тренер на „старата дама“.


Kако што пренесува „Калчомеркато“, раководството на клубот влегло во преговори со менаџерот на Кристијан Пулишиќ со цел овој играч да пристигне во Торино во јануари.


Челси бара 35 милиони евра, а Јувентус ќе се обиде да ги спушти барањата на лондонските „сини“.
Пулишиќ досега за Челси одигра 129 натпревари, постигна 25 гола и забележа 19 асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови