Јувентус будно ја следи ситуацијата со крилниот напаѓач на Лацио, Матијас Закањи. Договорот на фудбалерот е до 2025 година и преговорите за негово продолжување не одат најдобро. Во гогантот од Торино се подготвени да ја искористат ситуацијата и да го „украдат“ 28-годишниот играч, пишува „Калчомеркато“.
Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, летото за време на венчавката на фудбалерот ја покрена темата за новиот договор на Закањи. Тој му ветил сериозно зголемување на платата, но оттогаш нема сериозен развој на оваа тема. Играчот и неговите агенти се прилично разочарани од ова и веќе почнуваат да размислуваат за можна разделба.
Во исто време, на спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли, одамна му се допаѓа Закањи. Сакаше да го доведе уште кога работеше во Наполи. Не би било изненадување ако сега се обиде да го доведе во Јувентус, особено ако се отвори можност да го добие за релативно евтина цена на лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













