Јувентус би можел да направи обид да го ангажира напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, следното лето, доколку Душан Влаховиќ не успее драстично да ги подобри своите перформанси до крајот на сезоната. Српскиот напаѓач засега има неубедливи настапи, постигнувајќи само два гола и ретко се наоѓа на добри позиции.
Ова сериозно го загрижува раководството на „старата дама“, кое веќе размислува дали е време да побара поквалитетен напаѓач кој би го заменил Влаховиќ, а едно од разгледуваните имиња е Виктор Осимен, открива новинарот на „Раи Спорт“, Паоло Паганини.
„Ако го споредиме Влаховиќ со други напаѓачи како Лаутаро Мартинез или Виктор Осимен, тој е на пониско ниво. Може да се каже дека во моментот Јувентус нема врвен напаѓач. Поради тоа, клубот веќе разгледува различни опции и има две имиња на списокот. Првото е Џонатан Дејвид од Лил, чиј договор истекува во летото 2025 година, и би можел да биде земен како слободен агент. Меѓутоа, тој е Канаѓанец и ќе заземе место за играч надвор од ЕУ. Втората опција е Осимен. Не е тајна дека тој има клаузула за откуп, но напаѓачот има одлични односи со спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли, што може да помогне во трансферот. Не исклучувам да видиме сензационално враќање на Осимен во Италија следното лето“, изјави Паганини.
Како што е познато, ова лето Осимен изненадувачки замина на позајмица во Галатасарај. Неговиот договор со турскиот клуб трае до летото, но Нигериецот сè уште е сопственост на Наполи. Сепак, изгледа дека тој нема иднина на „Диего Марадона“, откако влезе во конфликт со раководството и тренерот Антонио Конте. Затоа, евентуален трансфер во Јувентус не е исклучен.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski