
Јувентус ја засили конкуренцијата на голманската позиција со ангажирање на чуварот на мрежата на Монца, 26-годишниот Микеле Ди Грегорио.
Трансферот беше официјално потврден на клупскиот сајт, каде што Ди Грегорио беше претставен како “класичен пример на модерен голман”.
Јуве го потврди тоа и со конкретни бројки.
Меѓу голманите кои настапуваа во минатиот шампионат на Серија А, Микеле Ди Грегорио има најголем број одбрани, односно 127 на 33 натпревари.
Во минатата сезона на Серија А, ниту еден голман не успеа да одбрани повеќе удари од Микеле Ди Грегорио на еден натпревар – девет, минатиот декември против Наполи, на ‘Марадони’.
Италијанските медиуми ги пренесуваат и финансиските детали на договорот. Ди Грегорио дојде на позајмица платена 4.5 милиони евра, со обврска за откуп на договорот во износ од 13.5 милиони евра, плус уште два милиони евра во име на договорени бонуси.
Ди Грегорио е дете на Интер, каде што помина низ младинските категории, а по преминот во сениорска конкуренција беше на позајмици во Авелино, Новара, Порденоне, сè додека пред две години Монца не го купи за 4,15 милиони евра.
Ufficiale | Michele Di Gregorio è un nuovo giocatore della Juventus! ⚪️⚫️
— JuventusFC (@juventusfc) July 5, 2024
I dettagli dell’accordo ✍🏻⤵️

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal