Јувентус се откажа од планот да го доведе крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо. Според информациите, раководството ја донело оваа одлука бидејќи смета дека ваков трансфер ќе ја ограничи можноста за развој на 20-годишниот Самуел Мбангула, на кого многу се смета за иднината на клубот.
Другата главна причина, секако, е цената на Англичанецот, која според „бјанконерите“ е премногу висока.
Челси исто така преговара за Санчо, при што едно од можните сценарија беше лондончаните да договорат размена меѓу него и Рахим Стерлинг со Манчестер Јунајтед. На крај, може да се случи Санчо да остане на „Олд Трафорд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













