
Јувентус размислува за можноста да го врати дефанзивецот Даниеле Ругани од Ајакс. Во моментот, 30-годишниот играч е на позајмица во холандскиот гигант, но во договорот нема опција за откуп и тој може да биде еднострано раскинат од страна на клубот од Торино, доколку тие одлучат.
Причината за ваквата одлука е повредата на главниот столб во одбраната на Јуве, Глејсон Бремер. Бразилецот ги скина лигаментите на коленото и ќе го пропушти остатокот од сезоната. Затоа клубот размислува дали да ангажира друг играч или да го врати Ругани, кој е нивен играч.
Сепак, агентот на играчот, Давиде Торчија, гледа скептично на оваа можност. Според него, Ругани ќе остане на „Јохан Кројф Арена“ до крајот на сезоната.
„Навистина верувам дека Ругани ќе продолжи да игра за Ајакс. Не мислам дека неговото враќање е нешто што Јувентус го разгледува, не само од техничка перспектива, туку и поради фактот дека клубот има други идеи за својот развој“, изјави агентот за „Juventusnews24“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
