Фудбалерите на Јувентус триумфално го завршија гостувањето во далечната Норвешка, но натпреварот против Бодо доби и „трето полувреме“, бидејќи авионскиот сообраќај на северот од континентот е во застој поради влошени временски услови, па останува неизвесно кога ќе се вратат во Италија.
Со оглед на тоа што силен студ и мраз го зафатија овој норвешки град, никој со сигурност не може да каже кога ќе се создадат услови за враќање во Торино, што може да му ја отежни подготовката на тимот на Лучијано Спалети за претстојниот првенствен натпревар против Калјари.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, фудбалерите на Јувентус преноќиле во Норвешка и планирано е денес попладне да го фатат летот за Торино, но останува прашање дали тоа ќе биде возможно, бидејќи Бодо ја дочека средата окован со снег и мраз.
Особено голем проблем има на локалниот аеродром, каде што пистата е замрзната, а под голем знак прашалник е дали екипите задолжени за нејзино расчистување ќе успеат да се справат со тешкотиите.
Како што пренесува „Газета дело Спорт“, Дамијен Комоли и Џорџо Кјелини, функционерите на клубот, морале ден пред натпреварот принудно да слетаат во Шведска, а потоа со автомобил да патуваат кон Норвешка.
Познатиот италијански весник открива и дека околу 1.000 патници се „заробени“ на аеродромот и дека е големо прашање кога редовните летови ќе бидат повторно воспоставени.
Јувентус го игра следниот натпревар во сабота од 18 часот против Калјари, а среќна околност е што дуелот се игра во Торино, па избраниците на Спалети се поштедени од дополнителна компликација — патување на Сардинија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус остана заробен во мразот во Норвешка
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу













