
Клупата на Пирло во Јувентус продолжува да се тресе, и се погласни се гласините за негово заминување, особено по неочекуваниот пораз (0-1) од Беневенто. “Бјанконерите” се на десет бода од лидерот на табелата во Серија А, Интер, а за работите да бидат полоши, испаднаа и од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Сепак, Јувентус нема доволно средства за да ги ангажира Јирген Клоп од Ливерпул или Пеп Гвардиола од Манчестер Сити. Поради тоа, тимот од Торино веќе подготвил потесен нискобуџетен список каде се наоѓаат Џанпјеро Гасперини, Симоне Инзаги и Лучијано Спалети.
Моментно, Гасперини е на кормилото на Аталанта, Инзаги го предводи Лацио, а Спалети веќе неколку години е без ангажман – последно го предводеше Интер од 2017 до 2019 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Два гола на Мбапе, Реал го победи Овиедо (ВИДЕО)

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови
