Јувентус ја заврши календарската година со две победи, некако се стабилизираше, иако се чини дека титулата одамна е загубена. Сепак, лошата форма на ривалите им ја врати надежта за Топ 4 и пласман во Лигата на шампионите. Во овој момент се на -4 од Аталанта, Наполи е на пет бода.
Алегри изјави дека сезоната ќе се решава во следните неколку месеци и затоа треба во Торино да пристигнат засилувања. Напаѓач е приоритет, Мауро Икарди или Стефан Митровиќ, доколку Фулам се согласи на позајмица.
Но, Алегри повеќе се грижи за подобрување на средниот ред. Освен недостигот на креативност, нема голови од играчите од средниот ред на Јувентус, единствено можеби Бернардески си ја исполни задачата оваа сезона со пет гола.
На продажба ќе бидат Рамзи, Рабио, Артур, но клубот ќе мора да најде замени.
Закарија од Менхенгладбах е желбата на Алегри, договорот му истекува во јуни, а Јуве би платил обештетување оваа зима или дури би го понудил Меккена во замена.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона













