
Јувентус и Аталанта конечно постигнаа договор за трансферот на офанзивниот играч за врска Тун Копмајнерс, објавуваат италијанските медиуми. Зделката, со која играчот ќе се пресели на „Алијанц Стадион“, е вредна 52+7 милиони евра.
Копмајнерс одамна постигна договор со Старата дама за петгодишен договор со плата од 4,5 милиони евра по сезона. Се очекува во среда да ги помине медицинските прегледи во Торино.
Од друга страна, Аталанта долго време одбиваше да се раздели со една од своите ѕвезди, но на крајот ја прифати последната понуда на Јуве по долго размислување.
Во тоа помогна и големата желба на 26-годишниот фудбалер да прејде во Јувентус, откако одби да тренира со своите соиграчи, поради што ги пропушти досегашните натпревари на Аталанта оваа сезона.
Холандскиот репрезентативец помина три години како дел од Аталанта, откако пристигна од својот матичен клуб АЗ Алкмар за 14 милиони евра. Во овој период, Копмајнерс одигра 129 натпревари со 29 гола и 15 асистенции за тимот, со кој триумфираше во Лига Европа минатата сезона.
За националниот тим на својата земја има 21 настап со два гола и две асистенции, а го пропушти Европското првенство 2024 поради повреда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
