Италијанскиот првак Јувентус оствари триумф (1-3) на гости против Калјари и се уште има надежи дека може да ја одбрани шампионската титула во Серија А. Тимот на Андреа Пирло по половина час имаше водство од 0-3, благодарејќи на хет – трикот на Кристијано Роналдо.
Португалецот излезе на теренот екстремно мовитиран по критиките што ги доби по елиминацијата од Порто во Лигата на шампионите и постигна експресни три гола. Првиот во десеттата минута со удар со глава, вториот од пенал во 25.минута и третиот седум минути подоцна.
Калјари постигна почесен гол преку Џовани Симеоне во 61.минута.
Јувентус се наоѓа на третата позиција на табелата во италијанскиот шампионат со 55 бода, десет помалку од лидерот Интер кој има одиграно и еден меч повеќе.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













