Connect with us

Јувентус му нуди нов договор на Бонучи

Леонардо Бонучи би можел да го напушти Јувентус на крајот од сезоната, но последните информации се дека клубот сепак ќе му понуди нов договор. 35-годишниот дефанзивец оваа сезона го дава најдоброто од себе на теренот, а на градското дерби против Торино остана на клупата и влезе во второто полувреме кога Бремер се повреди.


На Бонучи му е понудено да потпише нов договор со Јувентус кој ќе го задржи на „Алијанц Арена“ во Торино до 2025 година. Дефанзивецот очигледно сака да остане дел од клубот, иако Масимилијано Алегри повеќе не ја потпира одбраната на него.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови