Јувентус, Милан и Интер инсистираат на тоа да продолжат да играат во Серија А и покрај тоа ѝ што се приклучија на Суперлигата. Познато, УЕФА се закани дека сите клубови и фудбалери кои учествуваат во Суперлигата нема да можат да настапат на никое друго натпреварување, вклучувајќи ги домашните натпреварувања, Светското и Европското првенство.
Поради тоа, Серија А одржа итен состанок, а на него присуствуваа и Јувентус, Интер и Милан. Трите клуба се меѓу основоположниците на Суперлигата. Заедно со Интер и Милан, “старата дама” исто така, ја потврди желбата да продолжат да играат во најсилната италијанската лига и покрај учеството во новото натпреварување.
„Клубовите основачи ќе продолжат да играат во сите соодветни домашни натпреварувања и, се до почетокот на Суперлигата, Јувентус е подготвен да учествува во европските натпреварувања на кои има право“, објави тековниот италијански шампион во своето соопштение.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













