Connect with us

Јувентус ќе купува се што може од Челси

Актуелниот европски шампион Челси се наоѓа во исклучително тешка ситуација откако на нивниот сопственик Роман Абрамович му беше забрането да остане во Англија и да раководи со клубот. На „сините“ им е забрането да ги обновуваат договорите со играчите и да носат засилувања. Хаотичната ситуација во Челси ќе се обиде да ја искористи Јувентус и да доведе дури четворица играчи од Лондон во Торино.


Според најтиражниот италијански спортски весник „Газета дело спорт“, Јувентус им фрлил око на Кристијан Пулишиќ, Хаким Зијеч, Антонио Рудигер и на Жоргињо.

Договорот на стоперот Рудигер истекува на крајот на оваа сезона, на играчот од средниот ред Жоргињо во летото 2023 година, додека крилниот напаѓач Пулишиќ и Зијеч имаат долгорочни договори со лондонскиот премиерлигаш.

Алегри смета дека со овој квартет во тимот на Јувентус би формирал исклучително моќен тим околу Душан Влаховиќ и би бил главен фаворит за „скудетото“ следната сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови