Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ постигна гол во поразот на Јувентус од Бенфика со 4-3, но не го доигра натпреварот до крај. „Бјанконерите“ ги загубија сите шанси за пласман во нокаут фазата, а можеби и српскиот напаѓач на подолг период, што може катастрофално да се одрази и на српската репрезентација пред Мундијалот во Катар.
Влаховиќ беше стрелец на израмнувачки гол за Јуве во 21. минута, но потоа се „распадна“ играта на тимот на Алегри.
Бенфика до 50. минута водеше со огромни 4-1, а 20 минути подоцна Алегри реши да го повлече Влаховиќ од игра.
Се мислеше дека тоа е потег на предавање на тренерот на Јувентус, но, сепак, Влаховиќ побара замена поради повреда на адукторот. Гостите до крајот на мечот успеаја да постигнат уште два гола, но недоволно за бод на „Да Луж“.
Сега се очекуваат вести за повредата на Влаховиќ, од што ќе зависи и неговиот настап на Светското првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













