
Јувентус испрати официјална понуда за трансфер на напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Мауро Икарди. Торинскиот клуб е подготвен да го позајми 28-годишниот Аргентинец со опција за целосен откуп на договорот.
Сега „бјанконерите“ чекаат одлука и одговор од францускиот клуб.
Икарди дојде во ПСЖ од Интер и добро му се познати состојбите во Серија А, а има уште три години од актуелниот догобор со клубот.
Напаѓачот моментно закрепнува од повредата на рамото која ја доби на натпреварот во Лига 1 против Брест (4-2) и се очекува на крајот на септември да биде подготвен за настап.
Како дел од ПСЖ, 28-годишниот Икарди настапи на 66 натпревари во сите натпреварувања, постигна 35 гола и забележа десет асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
