
Анализата на „Тутомеркато“ за буџетите за плати на 20-те тимови од Серија А откри дека најмногу трошат Јувентус, Интер и Рома, кои на своите играчи им даваат вкупно над 210 милиони евра плата.
Предметната анализа покажува големи разлики меѓу клубовите од горниот и долниот дел од првенствената табела. Јувентус е најголемиот трошач, кој оваа сезона плати нето 74,1 милиони евра, што е нешто повеќе од буџетот на Интер од 71,7 милиони евра. На третото место на ова рангирање е Рома, која во последните години најмногу се фокусираше на слободните трансфери, но оваа сезона плати 68,6 милиони евра.
Освојувачот на Скудетото од минатата сезона Наполи е шести на табелата со плати од 44,4 милиони евра, но таа сума најверојатно ќе се зголеми во наредните месеци поради новите договори понудени на Виктор Осимен и на Квица Кварацкелија.
Најмалку во Серија А троши Лече со 9,8 милиони евра за плати и Фросиноне со 11,5 милиони евра.
Серија А – НЕТО ТРОШОЦИ ЗА ПЛАТИ:
Јувентус – 74,1 милиони евра
Интер – 71,7 милиони евра
Рома – 68,6 милиони евра
Милан – 60,2 милиони евра
Лацио – 44,7 милиони евра
Наполи – 44,4 милиони евра
Фиорентина – 37,5 милиони евра
Аталанта – 29,3 милиони евра
Торино – 24,7 милиони евра
Џенова – 21,9 милиони евра
Сасуоло – 20,9 милиони евра
Удинезе – 19,6 милиони евра
Болоња – 19,3 милиони евра
Каљари – 19,2 милиони евра
Салернитана – 18,4 милиони евра
Монца – 18,1 милиони евра
Емполи – 16,8 милиони евра
Верона – 15,4 милиони евра
Фросиноне – 11,5 милиони евра
Лече – 9,8 милиони евра

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
