
Италијанскиот калчолигаш Јувентус доживеа шокантен пораз (0-1) од Емполи овој викенд откако остана без првата ѕвезда Кристијано Роналдо кој се врати во Манчестер Јунајтед. Тренерот Масимилијано Алегри немаше многу опции во нападот, затаија и Пауло Дибала и Алваро Мората, а нема трет класичен напаѓач во тимот на „старата дама“.
Моисе Кин од Евертон ќе се врати во Торино каде играше како млад фудбалер, но Алегри инсистира раководството да му го доведе и Мауро Икарди. По ангажманот на Лео Меси и веројатното останување на Килијан Мбапе, многу јасно е дека Мауро Икарди нема да добива голема минутажа во ПСЖ. Тоа е адутот на Јувентус да го доведе на позајмица за претстојната сезона, со опција за откупување на неговиот договор.
Јувентус сака и уште еден играч од средниот ред, организатор на играта и до последен миг од летниот преоден рок ќе се бори за Миралем Пјаниќ кој исто така би дошол на позајмица од Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
