Италијанскиот првак Јувентус тргнува по засилувања откако првиот дел од сезоната покажа дека на Адреа Пирло му е потребен поширок ростер за тимот да може да биде конкурентен во сите натпреварувања. Најновата идеја на Пирло, а поддржана од раководството на „старата дама“ е Месут Озил да пристигне во Торино. Тоа треба значително да ја подобри креацијата во средниот ред, а нападот да биде поткрепен и со високиот Фернандо Љоренте, кој би можел со воздушни дуели да го разбива противничкиот бункер.
Озил цела сезона нема заиграно ниту еден натпревар за Арсенал, а има уште шест месеци од актуелниот договор. Но, најавите се дека во јануари ќе го напушти „Емирати“ и веќе преговара со турскиот клуб Фенербахче. Сепак, Јувентус е сосема поинаков предизвик и ако добие конкретна понуда секако би можел лесно да се премисли и да дојде во Серија А.
Љоренте е под договор со Наполи, но е далеку од тимот и исто така воопшто не добива минутажа од тренерот Џенаро Гатузо. Тој во минатото и го носеше дресот на Јувентус, во периодот од 2013 до 2015 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













