Барселона донесе дефинитивна одлука да го продаде Бразилецот Кутињо во летниот преоден рок. Каталонскиот гигант е подготвен да се ослободи од играчот за врска за сума од 40 милиони евра, но ќе биде во „добивка“ и за дополнителни 20 милиони евра што треба да му ги исплати на Ливерпул доколку Кутињо одигра 100 натпревари во дресот на Барса.
Оваа ситуација сакаат да ја искористат италијанските гиганти Јувентус и Милан кои се подготвени да го доведат во Италија. Андреа Пирло бара офанзивен играч за врска со нагласени способности за креирање на играта, а во слична ситуација би бил и Милан доколку Хакан Чалханоглу не го продолжи договорот со „росонерите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













