Јувентус и Фиорентина постигнале договор за трансферот на крилниот напаѓач Николас Гонзалес во торинскиот клуб. Вредноста на трансферот изнесува околу 38 милиони евра, а се очекува Гонзалес да потпише петгодишен договор со Јувентус, со годишна плата од 3,6 милиони евра, тврдат италијанските медиуми.
Гонзалес помина три години во Фиорентина откако пристигна од Штутгарт за 24,5 милиони евра. За клубот одигра 125 натпревари, постигнувајќи 38 голови и 19 асистенции.
26-годишниот фудбалер е и репрезентативец на Аргентина, со 39 настапи, пет гола и три асистенции.
Дополнително, Јувентус има планови да ангажира уште еден крилен напаѓач и води преговори со Манчестер Јунајтед за Џејдон Санчо, како и со Порто за Чико Консеисао.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













