Connect with us

Јувентус го загуби и Меккени поради повреда

Играчот од средниот ред на Јувентус, Вестон Меккени ќе биде надвор од терените речиси еден месец, информираа медиумите во Италија. Тој заработи тешка повреда на рамото која ќе го спречи да биде подготвен за стартот на сезоната во Серија А.


Американскиот репрезентативец не учествуваше на последниот натпревар на Јуве против Реал Мадрид.


Повредата на Мекена е сериозен удар за тренерот Масимилијано Алегри, кој на подолг период го загуби и новото засилување Пол Погба. Французинот има повреда на коленото поради која може да биде потребна операција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови