
Јувентус продолжува да има сериозен интерес за играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, но за да се врати повторно во Торино, 29-годишниот Французин ќе мора да ја намали својата плата за околу 50 проценти. Во англискиот клуб играчот добива околу 15 милиони евра годишно, а Јувентус ќе може да понуди не повеќе од 8 милиони, плус бонуси.
Сепак, во моментов има клубови кои се подготвени да му понудат на францускиот играч за врска многу посериозна плата, што ја става „старата дама“ во неповолна положба. Погба веќе преговара со Пари Сен Жермен од каде се подготвени да му платат 15 милиони евра годишно. Тој се уште има понуда и да остане во Манчестер Јунајтед, која е најдобра на финансиски план.
Јувентус е заинтересиран и за играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, но за трансферот на 27-годишниот Србин ќе треба да се платат најмалку 70 милиони евра отштета.
Погба оваа сезона постигна еден гол и забележа девет асистенции на 27 натпревари за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими

Евро-фудбал
Гарначо ја одбил понудата од Ал-Наср

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина
