Јувентус е во потрага по лев бек. Алекс Сандро неколку години беше еден од најдобрите играчи во светот на таа позиција, но сега торинскиот клуб се обидува да му најде замена.
Се споменуваше Иван Перишиќ кому му истекува договорот со Интер, но во игра е уште еден хрватски репрезентативец.
Масимилијано Алегри размислува да го доведе Борна Соса од Штутгарт.
Хрватскиот интернационалец сезонава имаше девет асистенции и постигна два гола во дресот на Штутгарт. Соса има договор со Штутгарт до 2025 година, а Италијанците веруваат дека Јуве би можел да го доведе за 25 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal