Јувентус веќе ја избра замената на Масимилијано Алегри кој ќе го преземе тимот од новата сезона. Тоа е менторот на Болоња, Тијаго Мота, тврди „Фут Меркато“.
Бразилецот со италијански пасош покажа одлична работа откако го презеде тимот на Болоња и тоа ги натера шефовите на „бјанконерите“ да се фокусираат на него.
До неодамна се сметаше дека иднината на Алегри е сигурна и тој ќе продолжи да го води тимот најмалку до 2025 година, кога му истекува договорот. Сепак, серијата слаби резултати и излегувањето на тимот од битката за „скудетото“ ги натера челниците да ја сменат позицијата и сега е многу поверојатно дека Алегри ќе биде сменет по крајот на сезоната.
Спортскиот директор на клубот од Торино, Кристијано Џунтоли, долго време се насочува кон Тијаго Мота. Прво сакаше да го доведе во Наполи како замена за Лучијано Спалети, а сега повторно посегнува по него, но за да биде нов тренер на Јувентус.
41-годишниот Тијаго Мота досега има релативно мало искуство во тренерската професија. Кариерата ја започна во младинскиот тим на Пари Сен Жермен, а потоа ги водеше екипите на Џенова и на Специја. Од 2022 година е во Болоња. Токму тука е евидентен неговиот талент, бидејќи под негово водство „рособлу“ се наоѓа на четвртото место на табелата во Серија А и е сериозен кандидат за настап во Лигата на шампионите следната година.
Неговиот договор со клубот истекува на крајот од сезоната и најверојатно нема да го продолжи со оглед на сериозниот интерес од неколку големи клубови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













