
Јувентус го финализира ангажманот на дефанзивецот Пјер Калулу. Французинот пристигна од Милан како позајмен играч, но со опција за откуп. „Старата дама“ ќе плати 3,3 милиони евра за позајмицата и уште 14 милиони евра доколку реши да го задржи централниот дефанзивец.
Во касата на Милан можат да влезат и дополнителни 3 милиони евра во форма на бонуси.
Калулу ги помина задолжителните медицински тестови и го потпиша договорот. Тој ќе го носи дресот со број „15“.
24-годишниот играч, кој потекнува од младинскиот погон на Лион, пропушти поголем дел од минатата сезона поради повреди, а по доаѓањето на новиот тренер на Милан, Пауло Фонсека, стана јасно дека на него нема да се смета.
Калулу одигра вкупно 112 натпревари за „росонерите“ во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и забележувајќи три асистенции. Во овој период доби само 12 жолти картони и ниту еднаш не беше исклучен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 подобра од Индонезија

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
