Јувентус го доби одложеното дерби против Наполи со 2-1 и се искачи на третата позиција на табелата со 59 бода. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса во финишот од натпреварот менувајќи го Дрис Мертенс во 76.минута од мечот.
Кристијано Роналдо во 13.минута донесе предност за „старата дама“, а Пауло Дибала во 73.минута зголеми на 2-0. Лоренцо Инсиње го постави конечниот резултат од пенал во 90.минута.
Интер има огромни 11 бода предност пред Милан на врвот на табелата во Серија А по триумфот од 2-1 над Сасуоло. Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез беа стрелци за „нероаѕурите“, а намали Хамед Траоре во финишот од дуелот.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












