Connect with us

Јувентус гледа кон Коло Муани, доколку не успее да го доведе Џошуа Зиркзе

Јувентус напорно работи на доведување на нов напаѓач кој би бил алтернатива на Душан Влаховиќ за врвот на нападот. На врвот на листата на „бијанконерите“ се наоѓа Џошуа Зиркзее од Манчестер Јунајтед. Сепак, преговорите со Холанѓанецот се одвиваат тешко, поради што торинскиот клуб веќе разгледува и други опции, дури имаат и конкретно име на ум, пишува „Кориере дело Спорт“.

Станува збор за напаѓачот на Пари Сен Жермен, Рандал Коло Муани. Францускиот репрезентативец не е стандарден во тимот на францускиот шампион, а на „Паркот на принцовите“ се подготвени да го пуштат на заем со опција за откуп, што е токму понудата што ја разгледува Јувентус.

ПСЖ плати над 95 милиони евра за да го донесе Коло Муани од Ајнтрахт Франкфурт во 2023 година. Сепак, напаѓачот не успеа целосно да го открие својот потенцијал на „Паркот на принцовите“ и досега има само 11 голови и седум асистенции во 54 натпревари за парижаните.

26-годишниот фудбалер исто така не е премногу задоволен од својата моментална ситуација и бара нов предизвик. Јувентус веќе стапил во контакт со него за да ја испита можноста за потенцијален трансфер. Проблемот е што за Коло Муани интерес имаат и неколку клубови од Англија, меѓу кои Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Тотенхем, а самиот играч повеќе би сакал да замине во Премиер – лигата отколку во Серија А.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови