
Италијанскиот првак Јувентус нема да добие службена победа против Наполи, туку мечот ќе биде одигран најверојатно на 13 јануари следната година. Но, Наполи нема да остане неказнет поради недоаѓањето во Торино и ќе му биде одземен еден бод. Ова е одлуката што треба да ја донесе Серија А за неодиграниот меч меѓу Јувентус и Наполи.
Според пропозициите, Јувентус требаше да добие три бода и службена победа од 3-0 поради тоа што Наполи одлучи да не се појави во Торино. Тие имаа два позитивни случаи на коронавирус, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и Полјакот Зјелински, но останатите фудбалери беа во задолжителен карантин.
Се очекува Јувентус да достави жалба на оваа одлука доколку биде и официјално усвоена од Серија А.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
