
Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед со пораз (2-1) ја стартуваше новата сезона во Лигата на шампионите. Кристијано Роналдо постигна гол за водство во 13.минута, но потоа Ван Бисака доби црвен картон во 35.минута и тоа комплетно го сврте мечот.

Нгумо Нгамеле израмни во 66.минута, а во петтата минута од судиското продолжение Теосон Сибачу донесе сензационален триумф за Јанг Бојс.
Севилја издржа дома со играч помалку и со три досудени пенали против шпанскиот тим и одигра 1-1 против Салцбург. Карим Адејеми не реализира пенал во 13.минута, осум минути подоцна од нов пенал погоди Лука Сучиќ, а во 37.минута реализатотот промаши трет пенал за Салцбург.
Во првиот дел имаше и четврти пенал, овојпат за Севилја, а успешен стрелец беше Иван Ракитиќ за 1-1 во 42.минута. Во вториот дел Јусеф Ен Несири доби црвен картон, па Севилја може да биде задоволна и со освоениот бод.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
