Connect with us

Јунајтед имаше два гола предност во Лондон, но Тотенхем се врати и стигна до реми (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед имаше водство од 0-2 против Тотенхем во Лондон, но не успеа да победи. Домаќинот се врати во живот во второто полувреме и стигна до реми, 2-2.

Џејдон Санчо во седмата минута донесе водство за „ѓаволите“, а Маркус Рашфорд во 44.минута зголеми на 0-2.

Сепак, тоа не беше доволно за триумф на тимот на Ерик Тен Хаг.

Педро Поро во 56.минута постигна гол за надеж, а Хјонг – Минг Сон во 87.минута донесе израмнување за Тотенхем.

Њукасл славеше убедливо против Евертон на гости со 1-4. Калум Вилсон беше двоен стрелец, а погодија и Жоелинтон и Марфи. Борнмут на гости го победи Саутемптон со 0-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови