
Манчестер Јунајтед и Арсенал одиграа жестоко дерби, имаше возбудувања и два гола, а на крајот ремизираа 1-1. Иако ремито можеби е праведен исход, двата тима имаа шанси да стигнат до трите бода.
Јунајтед го отвори резултатот со спектакуларен слободен удар на Бруно Фернандеш, кој потсети на златните времиња на „Олд Трафорд“. Домаќините ја задржаа предноста до полувремето, а ни по паузата Арсенал не создаде премногу опасности. Сепак, „топчиите“ израмнија во 74. минута, кога Деклан Рајс испрати неодбранлив удар во противничката мрежа.
Расмус Хојлунд пропушти две одлични шанси, потврдувајќи ја неговата слаба форма, а и Арсенал имаше свои промашувања. На крајот, дербито логично заврши без победник.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
