Поранешниот голман на Шкендија а сега чувар на мрежата на Македонија ЃП, Марко Јовановски верува дека ќе има повеќе од интересен натпревар меѓу двата тима денеска во 12. коло од Првата македонска фудбалска лига.
„Лавовите“ во Ѓорче Петров ја пречекуваат Шкендија со желба да го избришат оној претходен убедлив пораз од 4-0 од Академија Пандев во Струмица.
„Само со лавовска борба и максимална мотивација можеме до позитивен резултат. Не би било нескромно да кажам дека сакаме да победиме бидејќи Шкендија оваа сезона не е на највисоко ниво. Во секој случај, мораме до позитивен резултат за да остане натпреварот со Академија Пандев само како лош ден зад нас“ – вели Јовановски.
ПРВА ЛИГА – 12. КОЛО
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА
Тетово: РЕНОВА – ШКУПИ
Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ
Велес: БОРЕЦ – АК. ПАНДЕВ
ВЧЕРА
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0-2
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal