Германските легионери во Премиер – лигата ќе му бидат на располагање на селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јоаким Лев, за мечот против Македонија. По долго преговори и барање начин за да биде избегнат карантин при влезот во земјата, пронајдено е решение Тимо Вернер, Каи Хаверц и останатите германски репрезентативци кои ќе бидат повикани од селекторот Јоаким Лев, да пристигнат во националниот тим.
„Ние и така се наоѓаме во „балон“ и мерките на заштита од коронавирусот што ги сроведува ДФБ се максимални“, изјави селекторот на Германија.
Јоаким Лев во текот на денешниот ден треба да го објави и комплетниот список на повикани фудбалери за претстојните мечеви во квалификациите за СП 2022 во Катар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













