Англискиот првак Ливерпул ниту од далеку не ја повторува блескавата сезона во Премиер – лигата што ја имаше лани, а менаџерот Јирген Клоп има многу проблеми со повреди на фудбалерите. Покрај тоа мора да размислува и за нови засилувања за следната сезона, посебно во средниот ред со оглед дека холандскиот интернационалец Џорџинио Вајналдум најави заминување од „Енфилд Роуд“.
Германските медиуми откриваат дека Клоп веќе ја пронашол неговата замена. Ливерпул е заинтересиран за фудбалерот за врска на Борусија Менхенгладбах, Флоријан Нојхаус. Тој има откупна клаузула од 40 милиони евра, а за него интерес појави и Реал Мадрид. Сепак, Клоп се надева дека ќе успее да го убеди Нојхаус да пристигне во Премиер – лигата. Тој оваа сезона одигра 24 натпревари во дресот на Борусија Менхенгладбах во германскиот шампионат, постигна пет гола и запиша четири асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













