
Македонскиот претставник Шкендија утре во Ерменија го започнува својот пат во квалификациите на Конференциската лига. Ривал на тетовскиот тим е ерменскиот клуб Ноа, а тренерот Јетон Беќири верува дека Шкендија ќе ја преодолжи традицијата на добри игри во Европа и дека ќе извлече позитивен резултат.
„Шкендија неколку пати низ историјата се соочила со ерменски екипи. Имаме апсолутен респект за ерменскиот фудбал и за екипите од оваа земја. Подготвени сме да го дадеме најдоброто од себе, имаме информации за противникот иако составите секако се менуваат секое лето. Шкендија игра по традиција добро во Европа и ние ќе се обидеме да ја продолжиме таа традиција“, изјави тренерот на Шкендија, Јетон Беќири на прес – конференцијата.
Натпреварот меѓу Ноа и Шкендија од првото квалификациско коло во Конференциската лига се игра утре (18 часот) на стадионот „Абовјан“ во Ереван.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мбапе ја објасни разликата меѓу Реал и ПСЖ

Евро-фудбал
Ламин Јамал се врати на тренинзите на Барселона

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости
