
Македонскиот прволигаш Шкендија го именуваше Јетон Беќири за нов шеф на стручниот штаб. Тој по неколку години се враќа во тетовскиот клуб, а ќе се обиде да изгради квалитетен тим што ќе игра офанзивен и допадлив фудбал.
„Мислам дека не е време за ветувања, туку е време кога треба да работиме напорно, да се држиме до работа и да се посветиме максимално на единствената цел што ја имаме. Со работата што ќе ја завршиме заедно со фудбалерите на теренот треба да ја заслужиме поддршката од навивачите. Шкендија е голем клуб и тука секогаш треба да се потврдуваш. Со еден збор, сакам да кажам дека ја чекаме Шкендија која фудбалски ќе биде напаѓачка, во некои моменти и поофанзивна од нормалното и исто така многу сум свесен дека нема да биде воопшто лесна ситуација поради моментната позиција на табелата. Но, ние сме голем тим. Ништо не е невозможно, остануваат уште 15 натпревари и 45 бода. Овие пораки ќе им ги пренесам на фудбалерите и очекувам да бидат многу мотивирани да работат напорно. На крајот, Шкендија е многу организиран тим, ќе излезат нови фудбалери на пазарот и се надевам дека ќе има добра конкуренција и тогаш секој фудбалер што го заслужува дресот на Шкендија ќе биде во формацијата, а другите ќе ја чекаат својата шанса“. изјави Јетон Беќири за официјалниот сајт на клубот.
Шкендија го заокружи есенскиот дел од првенството на третата позиција со 45 бода, четири помалку од лидерот Струга Трим Лум.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Фенербахче сака да го купи Адемола Лукман

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
