По победата над Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ во 2. коло од Прва МФЛ, Башкими се надева дека ќе продолжи со истото темпо и против Тиквеш. Според голманот Амир Јашар, екипата од Куманово очекува да стигне до нови три бода, пред сè поради големата поддршка од навивачите, иако е свесен дека Тиквеш е тимот кој најмногу се засили во преодниот рок.
„Играме против Тиквеш, екипа која, најискрено, се засили најмногу во овој преоден рок. Квалитетен тим. Ќе биде тежок натпревар и за нас и за нив. Ние ја имаме поддршката од навивачите, но и од градот“, изјави Јашар за официјалниот сајт на ФФМ.
Голманот на Башкими смета дека неговата екипа има јасна цел за оваа сезона.
„Имаме квалитетна екипа и тоа го покажавме на стадионот ‘Тодор Проески’ против Работнички. Очекуваме дека ќе ги освоиме бодовите и ќе атакуваме на првите три места кои водат во Европа“, додаде тој.
Натпреварот Башкими – Тиквеш се игра денеска на стадионот во Куманово, со почеток од 17 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













