Хајдук Сплит го освои „Максимир“ славејќи на гости против Динамо Загреб со 0-2. Јани Атанасов го доби дерби дуелот со Аријан Адеми и Стефан Ристовски во вечното хрватско дерби. Сплитските „били“ славеа со головите на Марко Ливаја во 60.минута и на Емир Сахити во 93.минута од мечот.
Атанасов беше одличен во тимот на Хајдук, одигра 80 минути и потоа му го препушти местото на Вуковиќ. Адеми играше цел меч во дресот на Динамо Загреб, а Стефан Ристовски влезе на почетокот на второто полувреме.
По овој триумф, Хајдук Сплит се искачи на третата позиција на табелата и се најде над Динамо Загреб, а на врвот е Ријека за која настапува Дарко Велковски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













