Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов има нов предизвик во својата клупска кариера – денес официјално беше претставен како најново засилување на грчкиот тим АЕ Лариса.
Клубот од Грција преку официјално соопштение потврди дека постигнал договор со Атанасов, кој потпишал двегодишен договор и доаѓа од полскиот прволигаш Краковија.
„Со задоволство објавуваме дека постигнавме договор со македонскиот интернационалец Јани Атанасов за следните две сезони“, стои во соопштението на АЕ Лариса.
За 25-годишниот играч од средниот ред, ова ќе биде петти интернационален ангажман во кариерата. Покрај Краковија, настапуваше и за турскиот Бурсаспор, хрватскиот Хајдук, а беше и на позајмица во полскиот тим Ниепломице. Неговите фудбалски почетоци се поврзани со Академија Пандев, а беше и во младинската академија на Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













