
Јанг Бојс го победи Галатасарај со 3-2 и со предност ќе замине на реваншот во Истанбул, во финална битка за влез во групната фаза од Лигата на шампионите. Многу поголеми чекори направија Салцбург и Спарта Прага кои се пред вратите на елитното натпреварување, а Митјиланд пропушти да го совлада Слован Братислава играјќи 1-1.
Салцбург славеше против Динамо Киев на гости со 0-2, со головите на Нене и на Кјергард од пенал, а со ист резултат и Спарта Прага го победи Малме исто така на гости.
Јанг Бојс поведе со 2-0 по првиот дел со двата гола на Монтеиро, а потоа Галатасарај возврати со двата гола на Мичи Батшуаи.
Сепак, Јанг Бојс славеше вреден триумф со гол од пенал што го реализираше Филип Угриниќ во 86.минута од натпреварот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако

Евро-фудбал
Се појави надеж за Лион
