Connect with us

Јамал: Рекоа дека сме мали и неискусни деца? Ќе видиме утре на терен!

Младата ѕвезда на шпанскиот национален тим, Ламин Јамал, кажа што мисли за зборовите на поранешниот германски голман Јенс Леман, кој ги нарече Шпанците тим од ниски и неискусни деца.

„Па, веќе кажавме дека сите овие работи ни помагаат да излеземе на теренот уште помотивирани. На крајот на краиштата, што друго може да каже? Тој е Германец, ќе се обиде да му помогне на својот тим, но на теренот ќе се види колку сме мали и неискусни“, изјави играчот на Барселона.

Шпанија и Германија ќе се сретнат утре од 18 часот во четвртфиналето на ЕВРО 2024.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови