Connect with us

Јакуб Кивиор дознал за трансферот во Порто преку интернет

Полскиот дефанзивец Јакуб Кивиор во последните денови од преодниот рок прејде од Арсенал во Порто за 26 милиони евра. Овој трансфер значително ја зацврсти одбраната на португалскиот гигант.

Интересно е што Кивиор за својот трансфер дознал преку интернет. Познатиот фудбалски инсajдер Фабрицио Романо објави дека полскиот репрезентативец заминува за „Драгао“ пред самиот тој да биде информиран.


Кога се појавил на тренингот во Арсенал, соиграчите го прашале зошто тренира, со оглед на тоа што го очекува преселба во нов клуб.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови