Репрезентацијата на Швајцарија се потруди на ЕВРО 2024 да добиеме нов европски првак. Швајцарците ја победија Италија со 2-0, елиминирајќи ја уште во осминафиналето.
Швајцарија се пласираше меѓу осумте најдобри благодарение на головите на Ремо Фројлер и Рубен Варгас. Во четвртфиналето ќе се соочат со победникот од дуелот меѓу Англија и Словачка.
Селекторот на Швајцарија, Мурат Јакин, изрази големо задоволство од победата.
„Ова што се случува на овој турнир е неверојатно. Уживавме на секој стадион. Големи пофалби за навивачите. Знаев дека ќе ги победиме ако Италијанците играат со четворица во одбраната. ЕВРО 2024 има многу силни екипи, а ние минавме непоразени низ групната фаза и игравме добро. Натпреварот со Германија покажа дека можеме да се носиме со најсилните тимови. Покажавме дека не само што можеме да се браниме, туку можеме и да напаѓаме и да доминираме“, изјави Мурат Јакин.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













