Connect with us

Јакимовски ќе го суди дербито меѓу Вардар и Шкендија

Дејан Јакимовски ќе биде главен делител на правдата на дерби пресметката од 28. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Вардар и Шкендија која се игра в недела (14. април) од 16 часот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

На Јакимовски ќе му помагаат Никола Караколев од Штип и Дејан Димитријевиќ од Скопје, како и Зоран Саздовски од Штип, како четврти судија. Делегат на натпреварот ќе биде Драган Јорданов од Велес, контролор – Ацо Мировски од Скопје, а дополнителни судии ќе бидат Марјан Младеновски и Крумислав Ѓорѓиев.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови