Струга Трим Лум крај езерото го пречекува актуелниот првак Шкендија во најинтересниот натпревар од осмото коло во Првата фудбалска лига. Крилниот играч Абдулхади Јахја верува дека стружани можат да го земат скалпот на фаворитот.
„Сигурно дека Струга Трим Лум има сила и тим за високи квалитети за да го добие дуелот со Шкендија. Атмосферата во нашиот клуб е одлична, на терен ќе излеземе со желба да ги освоиме трите бода, имајќи предвид дека амбициите на Струга Трим Лум оваа година се високи”, вели Јахја.
Тиквеш под раководство на новиот тренер Влатко Костов ќе се обиде да стигне до триумф против Македонија ЃП, а Работнички очекува продолжение на позитивната низа и против Пелистер.
Ренова во Тетово е домаќин на Брегалница, а Борец во Велес ќе го пречека Скопје.
Второто големо дерби се игра во Струмица од 18 часот, Академија Пандев ќе го пречека Шкупи.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 8.КОЛО
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА (15 Ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР
Велес: БОРЕЦ – СКОПЈЕ
Тетово: РЕНОВА – БРЕГАЛНИЦА
Кавадарци: ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Струмица: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ (18 Ч.)
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












